Пребарување
Filters
Немате ставки во вашата кошничка.

Queen Maria

Queen Maria winery logo

Демир Капија ( „Железни Порти“ - преведено од турски ) е мал град во Македонија, кој се наоѓа веднаш пред кањонот кој што го носи истото име. Се наоѓа на брегот од реката Вардар и е дом на една од постарите винарии на Балканот.

Во 1928 француски енолог го советува кралот Александар, на сега непостоечкото кралство Југославија, дека местоположбата на тиквешкиот регион е идеална за одгледување на винова лоза и правење вино заради своите особени карактеристики. Кралот ја гради винаријата во 1934 година и во чест на кралицата, го носи нејзиното име Марија.

Самиот тиквешки регион а особено делот кај Демир Капија е место каде се сретнуваат медитеранската и континенталната клима, место каде се спојуваат реката Црна и реката Вардар, две славни реки кои се спомнуваат и во античките текстови како Одисеја на Хомер. Регион кој во ахајскиот период бил во кралството Пејонија,со континуирани траги на живот до денешните времиња со виното како неизбежен дел од секојдневниот живот.

На почетокот винаријата имала капацитет од 500 000 литри, а виното се чувало во дабови буриња од 4000 и 6000 литри. После распадот на кралството Југославија винаријата не престанува да работи, и во новонастанатата држава СФР Југославија како и во Република Македонија, менувајќи ја сопственоста неколку пати.

Денеска винаријата е во приватна сопственост, комплетно реновирана и произведува вино од сопствени лозови насади. Има капацитет од скоро 7 милиони литри, од кои 6,3 се чуваат во инокс садови, додека останатиот дел се чува во дабови буриња. Винаријата постојано инвестира во нова опрема и технологија со цел подобрување на квалитетот на производствотo кое што ќе ги задовлува стандардите на модерните времиња.

 

Види како Табела Листа
Подреди по
Приказ по страна

Queen Maria - Sauvignon Blanc

Droge witte wijn - Fris en Fruitig
€6,25 со данок

Queen Maria - Chardonnay

Droge witte wijn - Vol en Fruitig
€6,25 со данок

Queen Maria - Rosé

Droge wijn - Fris en Fruitig
€6,25 со данок

Queen Maria - Merlot

Droge rode wijn - Fluweel en Fruitig
€6,25 со данок

Queen Maria - Cabernet Sauvignon

Droge rode wijn - Kruidig en Fruitig
€6,25 со данок
Filter by
Добавувачи
top